Утрински Весник
Македонија

Груби: Бујар Османи би бил одличен претседателски кандидат

Grubi.webp.webp

Убедувањето на Ахмети, оди тешко. Го знаете неговиот став: ‘Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна’. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети.

Ова го порача вечерва Артан Груби во интервју за емисијата 360 степени на МТВ.

Груби вели дека ДУИ има многу имиња кои би можеле да бидат претседателски кандидат, почнувајќи од потпретседатели на партијата, секретарите, ветераните, па и непартиски членови, но за сопартијецот Бујар Османи вели дека би бил одличен кандидат.

„Османи би можел да биде одличен канидидат. Тој не води кампања во дијаспората за кандидат зашто не е разговарано ниту одлучено во партијата. Но, ќе мора да се донесе одлука скоро зашто на 23 февруари почнува собирањето потписи, кое би требало да трае до 8 март. Кај и да е, неделава ќе дознаеме кој е кандидат на ДУИ што ќе биде победник во албанскиот блок со можност да помине и во вториот круг“, порача Груби.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)