Утрински Весник
Македонија

Статутарната комисија на Алијанса за Албанците: Денешниот таканаречен Конгрес е против Статутот на партијата

1708289881 D182d0b5d182d0bed0b2d0b0d181d0bed182 D0b7d0b0 D0b0d0bbd0b8d198d0b0d0bdd181d0b0 D0bcd0b8d0bdd0b8d181d182d0b5d180d181d182d0b2d0b0d182 63cd8ee229e91.jpeg

Интегрален текст од јавна реакција од Статутарната комисија на партијата Алијансата за Албанците:

Денешниот таканаречен Конгрес на групата незадоволници во  АА е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на Алијансата за Албанците.

Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата.

Настрана манипулациите и фалсификатите кои му претходеа на овој фарсичен Конгрес, ние како легитимни членови на статутарната комисија на партијата го потсетуваме поранешниот претседател на Собранието, г. Зиадин Села, дека Собранието на партијата на 21 јануари 2023 година избра Статутарна комисија во следниов состав: Ардиан Лимани (претседател), Кујтим Незири, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Атнан Незири (членови).

Ние, долупотпишаните, Ардиан Лимани, Кујтим Незири, Сирија Рашиди и Башким Бакиу, секако, учествувавме на легитимниот Конгрес на Алијансата за Албанците одржан на 16 февруари 2024 година под раководство на претседателот Арбен Таравари. Единствениот член којн застана зад групата на незадоволни, е Атнан Незири.

Денеска на нелегитимниот конгрес организиран од незадоволната група, се слушна дека Тирон Јахјага е претседател на статутарната комисија. Единствениот легитимен член на изманипулираната статутарна комисија беше Атнан Незири, кој реши да стане дел од фалсификат.

Ова сведочи за уште еден фалсификат, бидејќи само претседателот на партијата може да предложи именување или разрешување на членовите на Статутарната комисија, за што мора да се гласа во партиското Собрание. Ваквите фалсификати ќе имаат правни последици.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме