Утрински Весник
Скопје

СДСМ Аеродром: Доградбата и надградбата на ОУ Блаже Конески е капитална инвестиција на Владата, а не на Муцунски

Download 14.jpg

Доградбата и надградбата на ОУ „Блаже Конески” е капитална инвестиција за која 100 милиони денари одвои Владата од централниот Буџет за 2024 година, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ и претседателка на ОО СДСМ Аеродром.

Владеачкото мнозинство во Собрането предводено од СДСМ во амандманската расправа за Буџетот прифати амандмани на опозицијата со кои се обезбедија 2 милијарди денари, односно 32,5 милиони евра за капитални инвестиции во вкупно 44 општини во државата.

Од овие средства за Аеродром се одвоени вкупно 170 милиони денари со кои во 2024 година се овозможи доградбата и наградбата на ОУ Блаже Конески и изградба на нов објект на клонот изворче од ДГ Срничка. 

Оваа инвестиција го решава проблемот со недостаток на места во училиштата и градинките на територија на Стар Аеродром. 

Парламентарното мнозинство даде поддршка за овие амандмани со цел да го поттикне развојот на општините и да создаде услови за рамномерен регионален развој.

Владата предводена од СДСМ покажува на дело како се грижи за сите граѓани, без притоа да има било какви политичко-партиски, етнички и други приоритети. Приоритет број еден за СДСМ се граѓаните.

Спротивно на тоа, во отсуство на капитални инвестиции финансирани од Буџетот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски не пропушти да се пофали и со овие капитални проекти. 

Додека ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти финансирани од Владата на СДСМ, граѓаните секојдневно трпат последици од неодговорното управување на општините од страна на нивните градоначалници. 

Го повикуваме Тимчо Муцунски да ги засука ракавите и да почне да работи. Наместо да се фали со туѓи проекти, нека почне конечно да ја реализира програмата за која доби поддршка од граѓаните пред 2 години. 

Општинита нема сама да се исчисти, четирите градинки нема сами да се иградат. Исто и 3.000 нови паркинг места, новите кружни текови, улици, велосипедски и пешачки површини.  

Граѓаните очекуваат работа и одговорност, а не китење со туѓи перја и празни ветувања. 

Можете да прочитате

До следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз, очекува Мицкоски

Приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, но не во целост

Нафтата што ја доби ЈСП ќе биде доволна за 2 недели, но нема трајно да го реши проблемот, вели Мицкоски