Утрински Весник
Свет

Четворица пациенти починаа во болница по израелскиот упад и прекин на струја во Газа

20240216122755 big 730x400 40.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерството за здравство во Газа соопшти дека четвртиот пациент починал во болницата „Насер“ бидејќи при вчерашниот израелски упад во тој објект било прекинато напојувањето со електрична енергија, а снабдувањето со кислород било ограничено.

Претходно, тројца пациенти починаа во текот на ноќта во таа здравствена установа во Кан Јунис, пренесува „Ал џезира“. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, вчера изјави дека Израел извршил масовен упад во болницата Насер по што следувале истрели од огнено оружје, при што биле повредени неколку раселени лица, кои се засолниле таму.

Тој рече дека армијата им наредила на лекарите да ги преместат сите пациенти во постара зграда, која не е соодветно опремена за лекување, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно соопштија дека имаат „веродостојни разузнавачки информации“ оти Хамас држел заложници во болницата и дека се сомневаат дека има и други внатре.

Израел го обвинува Хамас дека користи болници и други цивилни структури за да ги заштити своите борци, што Хамас го негира.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа