Искористете го максимално ова убаво време кое ќе го имаме до крајот на оваа недела, поради тоа што веќе од понеделник ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон од запад и на серија на влажни воздушни бранови.
До крајот на ова недела наутро ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачат до околу, или над 10 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 15-16 степени.
Во текот на следната недела, односно веќе од понеделник влегуваме во нов циклонален и влажен период со чести врнежи од дожд ширум регионот, па така и во Македонија. Врнежите повремено ќе бидат обилни и проследени со засилен јужен ветер. На планините ширум регионот, па така и во Македонија повремено ќе има обилни врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Како што веќе подолго време најавуваме, во последната декада од месец февруари би можеле да се соочиме со значителни количества на дожд и на снег, а снег би можело да има и во пониските предели (градовите) ширум регионот, па така и во Македонија.
Состојбат будно ја следиме, што значи понатаму следуваат нови, и по потреба обновени метео информации.