Утрински Весник
Магазин

Најбрз начин да го ослободите телото од никотин

Thebeginnersguidestocruciferousvegetables 600x450.jpg

Сите добро ги знаат негативните ефекти на цигарите и никотинот врз телото. Ако сте престанале да пушите или сте страстен пушач, најбрзиот начин да го ослободите телото од никотин е со помош на овие намирници.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормална работа и развој на организмот, но му помага и на телото да се ослободи од никотинот. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокула, карфиол и зелка

Зелкастите зеленчуци се исклучително здрави. Покрај тоа што содржи полифеноли кои се покажале како корисни за намалување на разни воспаленија во дигестивниот систем, содржат и антиоксиданси кои го чистат телото од бројни токсини. Гответе ги што е можно пократко за да ги зачувате сите нивни благодети.

Зелен чај и витаминска вода

Со пушењето телото ја губи потребната течност, а телото многу побрзо дехидрира. Пиењето голема количина домашна витаминска вода која лесно можете да ја подготвите сами и зелениот чај кој е полн со антиоксиданси го исфрлаат никотинот од телото.

Моркови

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да се ослободите од оваа грда нуспојава на пушењето, јадете што повеќе моркови. Содржи големи количини на витамини А, К, Ц и Б, кои се главните средства за чистење на телото. Морковот исцедете го во соковник помешан со јаболко и лимон или изрендајте го во салата.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста