Утрински Весник
Македонија

Уживајте во времето оваа недела – Од понеделник голема промена!

Putevi snijeg 660x330 1.jpg

Метео анализа на Славчо Поповски:

Како што веќе најавивме, оваа недела можете да уживате во релативно убавото и суво време, температурите иако пониски, сепак и понатаму ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината и на повеќе места ќе се искачуваат до околу, па и над 10 степени, додека наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат до околу или под нулата.

Веќе следната недела во регионот, но и кај нас доаѓа голема промена на времето и длабок циклон од запад. Промената на времето ќе започне уште од понеделник.

Следната седмица очекуваме заладување на времето и чести и обилни врнежи од дожд и од снег на планините, а потоа со заладувањето снег може да се очекува на многу места во регионот и на пониските места (градовите), па така и во Македонија. Можно е да се соочиме и со значителни количества на дожд и снег. Се поголеми се шансите дека во последната декада од овој месец зимата и тоа како ќе го оправда своето име.

Состојбата будно ја следиме, што значи наскоро следуваат нови и по потреба обновени метео информации околу очекуваната голема промена на времет о која ја очекуваме уште од самиот почеток на следната недела.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат