Утрински Весник
Македонија

Петровска го потпиша новиот Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата

1 5.jpeg

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска во Министерството за обрана го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата.

Со овој Колективен договор, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

„Вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем. Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелено ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува”, рече министерката.

Петровска се заблагодари на репрезентативниот синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите кои доведоа до потпишување на овој Колективен договор.

„Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста која ја покажавте имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог дојдовме до овој резултат. Како синдикат предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е што со овој Договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина”, рече претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Исајов.

Колективниот договор меѓу другите содржини опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер