Утрински Весник
Свет

Повеќе рудари се затрупани од лизгање на земјиштето во рудник за злато во Турција

Turkish Goldmine.webp.webp

Се стравува дека девет рудари се затрупани откако се појави свлечиште во рудник за злато во источна Турција, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Рудникот Коплер се наоѓа во близина на Илич, во планинската провинција Ерзинџан, на истокот на Турција.

Турскиот министер за внатрешни работи рече дека не е познато што се случило со деветмината рудари и дека 400 лица за пребарување и спасување се на местото на настанот. Во спасувачката операција учествуваат и вработени во агенцијата за одговор при итни случаи АФАД од соседните провинции.

„Има луѓе затрупани под земја, нивниот број не е јасен. Потрагата и спасувањето започна“, изјави гувернерот на Ерзинџан, Хамза Ајдогду.

Градоначалникот на Ерзинџан, Бекир Аксун за Хабертурк изјави дека меѓу 10 и 12 работници се водат за исчезнати.

Рудникот Коплер го работи Анаголд Мајнинг од 2009 година, а Јерликаја рече дека таму се вработени 667 луѓе.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење