Утрински Весник
Македонија

Бесплатни ќе бидат новите возачки дозволи и сообраќајните книшки, како и патните листови за иселениците

1707834244 Vozackadozvola.jpg

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи објави дека денеска Владата донесе одлука возачките и сообраќајните дозволи кои треба предвремено да се заменат да бидат без надомест за граѓаните.

МВР ќе ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи без надомест од утре.

– Вториот заклучок е поврзан со МНР кое треба да преземе активности издавањето на патните листови за сите граѓани кои живеат надвор од територијата на Македонија кои имаат потреба да се вратат со патни листови, овој надомест ќе биде бесплатен. МНР се задолжи во државите каде што нема ДКП, издавањето да се направи онлајн и да биде испратено по пошта. Со ова сметаме дека им излегуваме во пресрет на сите граѓани – информираше Битиќи.

Можете да прочитате

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре