Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Се уште има пожари на отворено, пријава за натрупана дрвена маса под мостот на Вардар во Скопско

Pozhar 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Се уште има пожари на отворено и покрај врнежите од дожд.

Двајца пожарникари од ТППЕ Прилеп вчера од 12:02 до 12:20 часот со едно противпожарно возило  интервенирале на запалена ниска вегетација кај ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Преку единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК од АД „Водостопанство“ е добиена пријава за поголемо натрупување на дрвена маса под мостот на реката Вардар на локација меѓу селата Јурумлери (Општина Гази Баба) и Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Според пријавата, насобраните дрва и гранки на столбовите претставуваат опасност од излевање на реката и вршат притисок на носечките столбови на мостот заради што е потребно активирање на соодветна механизација за решавање на проблемот.

ЦУК наведува дека за проблемот се информирани надлежните служби на општините  Аеродром и Гази Баба и АД „Водостопанство“ за расчистување на дрвената маса под мостот.

 – Следи период од можни пролетни врнежи, па опасноста по мостот заради притисокот на солбовите од мостот и опасноста од заезерување над и околу мостот ќе биде поголема, потсетуваат од ЦУК.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!