Утрински Весник
Свет

Пашињан: Немам овластување да го апсам Путин

1707725807 Unnamed File.webp.webp

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека нема овластување да донесува какви било одлуки во врска со апсењето на никого, вклучително и на рускиот претседател Владимир Путин, по наредба на Меѓународниот суд на правдата (МСП).

– По 2018 година, Ерменија имаше обемни демократски реформи и јас не одлучувам кого да уапсам, а кого да не уапсам, изјави тој за британски „Телеграф“ на прашањето дали ерменската полиција ќе го уапси Путин по наредба на МСП доколку тој ја посети Ерменија.

На 17 март 2023 година, Меѓународниот суд на правдата издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руска комесарка за правата на децата.

Путин е обвинет за воени злосторства, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.

Доколку стапне во некоја од 123-те земји-членки на судот, Путин може да биде уапсен.

Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Ерменија „се водела само од политички мотиви кога го ратификувала Римскиот статут на МСП“.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата