Одењето на одмор го намалува крвниот притисок, помага да спиете подобро и го намалува акумулираниот стрес. Позитивното влијание на одморот трае најмалку две недели подолго од времето кое лицето го поминало на одмор, а во некои случаи придобивките од одморот се чувствуваат и месеци подоцна.
Крвен притисок
Експертите тврдат дека вработените треба секоја година да ги користат сите денови од годишниот одмор за да ги почувствуваат сите позитивни последици. За време на студијата, научниците ги споредиле клучните здравствени маркери кај оние што патуваат и луѓето кои го поминувале својот годишен одмор дома.
Истражувањето покажало дека просечното ниво на крвен притисок кај луѓето кои патувале опаднал за шест отсто, додека кај луѓето кои останале дома се зголемил за два отсто во истиот период. Во исто време, квалитетот на сонот кај луѓето кои патувале се подобрил за 17 отсто, додека квалитетот на сонот кај другата група луѓе се намалил за 14 отсто.
Студијата покажа дека одењето на одмор ја зголемува отпорноста на стрес за 29 отсто, а тестовите покажале дека одењето на одмор го намалува нивото на шеќер во крвта, а со тоа и ризикот од дијабетес, обемот на половината, го подобрува расположението и го зголемува нивото на енергија.
Квалитет на спиење
Намалувањето на крвниот притисок е важно за намалување на шансите за мозочен и срцев удар, додека подобрениот квалитет на сонот позитивно влијае на имунолошкиот систем. За да може човекот целосно да се одмори и опушти, не треба само да лежи на плажа, туку секоја форма на патување носи здравствени придобивки.
Ниту должината на одморот не е толку пресудна, некои студии покажуваат дека и четири дена се доволни за да се намали стресот.