Утрински Весник
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ДЛАБОК ЦИКЛОН ОД ЏЕНОВА: Овој викенд очекувајте силен јужен ветер, а потоа и валкан дожд!

Overview 20240210 00 036 1050x525 1.jpg

Под влијание на циклон со центар над Џенова, за време на овој викенд ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час).

Облачноста ќе се зголемува и во текот на оваа ноќ најпрвин во западните предели, а утре во најголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно стриење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.

Исто така Биометеото ќе биде многу неповолно, што значи дека кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре ќе има врнежи од дожд кој повремено ќе бидат пообилни.

Што се однесува до температурите, тие остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени. Опаѓање на истите се очекува во текот на следната седмица, но и понатаму ќе бидеме далеку од она вистинско зимско време како што си личи за овој период од годината.

Можете да прочитате

ЦУК: Два пожара се активни, а еден е ставен под контрола

Сопатничка тешко повредена во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил