Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Членството во ЕУ во 2030-та е реална можност

1707565919 Unnamed File.webp.webp

Во рамки на посетата на САД првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ имаше интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. 

Вицепремиерот Маричиќ во интервјуто се осврна на актуелните теми поврзани со евроинтеграцијата на државата. 

„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе отидеме во правец на членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години и кој што значи повторно преговарање со соседите, поточно со Бугарија, еден тунел од десет години кој што не знаеме кога ќе се појави светлото на крајот на тој тунел или кога би излегле од него и повторно отворање на истите и истите прашања поврзани со идентитетот, со јазикот, со нешто што денес ни е веќе решено и ни е ставено во преговарачката рамка со Европската Унија и во процесот на преговорите” – рече Маричиќ. 

Понатаму во интервјуто Маричиќ рече дека 2030-та е реална можност. „Тоа не е датум, кој ни е даден како гаранција, туку како можност. Ние се боревме долго време, еве, ова влада се бори 7 години, и успеа да добие од ЕУ, индикативен датум како можност за членство во 2030-та,”

Целосното интервју на Првиот заменик претседател на Владата  за европски прашања Бојан Маричиќ за Гласот на Америка на македонски јазик од Универзитетот на Харвард, САД проследете го на следниот линк. 

https://mk.voanews.com/a/7481384.html

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор