Утрински Весник
Магазин

Омиленото дуо на Холивуд Афлек и Дајмон повторно ќе соработуваат, снимаат криминалистички трилер „Животни“

643971c9260000370076844d.jpeg

Омиленото холивудско дуо Бен Афлек и Мет Дејмон повторно ќе соработуваат на филм. Овојпат се работи за криминалистичкиот трилер Животни, кој ќе го режира Бен Афлек, а главната улога ќе ја толкува Мет Дејмон.

Заплетот на овој криминален трилер е за кандидатот за градоначалник Мет Дејмон и неговата сопруга, чиј син е киднапиран. Опкружени со мноштво непријатели, политички и други, овие сопружници немаат друг избор освен да ги извалкаат рацете и да направат се што е во нивна моќ за да го спасат својот син.

Сценариото го напиша Конор Мекинтајр со ревизии на Били Реј, а засега се познати само улогите на Афлек и Дејмон во филмот, пишува The Hollywood Reporter. Филмот ќе се прикажува на Нетфликс, а доколку се оди според планот, снимањето би требало да започне веќе во март.

Ова актерско дуо неколкупати работеше заедно на филмови во последните дваесет години, а снимањето на новиот трилер ја одбележува нивната деветта соработка. Последен пат заедно глумеа во филмот „Последниот дуел“ од 2021 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста