Германски државјанин починал вчера во авион на летот од Бангкок за Германија.
Во еден момент му се слошило и почнал да искашлува крв пред својата сопруга, а потоа се онесвестил и починал.
Ужасот во авионот го гледале и други патници кои од страв почнале да врескаат.
Подоцна беше објавено дека 63-годишниот Германец се качил на летот во лоша состојба и дека неговата состојба нагло се влошила за време на летот.
„Тоа беше тотален ужас, сите врескаа“, рекол еден од патниците на летот.
Германецот патувал со сопругата, а при качувањето бил облеан во пот и забрзано дишел.
Кога ја виделе неговата состојба, луѓето притрчале да му помогнат, а потоа му понудиле чај.
Кога полетал авионот, уште повеќе му се слошило. Во еден момент ја отворил својата торба, а потоа почнала да му тече крв од носот и устата.
Почнал да искаѓлува крв, па на седиштата и ѕидовите на авионот биле видливи црвени дамки.
По качувањето, неговата сопруга му рекла на екипажот дека на нејзиниот сопруг му се слошило бидејќи морале да трчаат за да го фатат летот, а потоа рекла дека и треба итно лекар.
Пилотот потоа преку разглас прашал дали има лекар на летот бидејќи на еден од пациентите му се слошило.
Потоа се јавил лекар од Полска кој не го познавал добро англискиот јазик. Му го измерил пулсот и рекол дека изгледа добро.
„Потоа му дадоа чај од камилица, но тој веќе плукаше крв во кесичката што му ја додаде сопругата. Во еден момент почна да му блика крв од носот и устата. Персоналот се обидуваше да го реанимира околу половина час, но сите им беше јасно дека не може да се спаси“, рече еден од патниците.
Пилотот потоа решил да го сврти авионот и да се врати во Бангкок.