Утрински Весник
Свет

Еутаназирани поранешниот премиер на Холандија и неговата сопруга

Дриес ван Агт, демохристијанскиот премиер на Холандија од 1977 до 1982 година, почина со помош на еутанзија, објави организацијата за човекови права што тој ја основа. Истата процедура била направена и на неговата сопруга. И двајцата имаа 93 години.

Форумот за права објави дека парот починал во понеделникот и ќе биде погребан на приватна церемонија во источниот град Нијмеген. „Тој умре рака под рака со својата сакана сопруга Еугени ван Агт-Крекелберг, поддршка и сидро со која беше заедно повеќе од 70 години и на која секогаш и се обраќаше како „моја девојка““, соопшти непрофитната организација во изјава.

Двајцата веќе некое време беа во кревко здравје. Во 2019 година, Ван Агт доживеа мозочен удар додека држеше говор на комеморацијата за Палестинците и никогаш не се опорави целосно. Христијански-демократ, кој стана сè попрогресивен откако ја напушти политиката, на крајот ја напушти својата партија во 2017 година поради разликите околу нејзиниот пристап кон израелско-палестинските односи.

Ван Агт бил познат по своите архаични референци и грандиозниот јазик, како и неговата страст за возење велосипед.

По посетата на Израел во 1999 година, тој стана сè погласен за неговата поддршка за палестинскиот народ. Своето искуство од патувањето го нарече „конверзија“.

Во 2009 година, тој го основа Форумот за права, кој се залага за „фер и одржлива холандска и европска политика во однос на прашањето за Палестина и Израел“.

Еутаназијата што претставува постапка при која со помош на лекарства се предизвикува лесна и безболна смрт на болен од неизлечива болест, во Европа е легална во Холандија, Белгија, Шпанија и Луксембург.

Можете да прочитате

Земјоделците од Централна и Источна Европа денеска ги блокираат границите и големите градови

Пожар во Австралија, повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани, температури над 40 степени

Кина: Најмалку две лица загинаа откако товарен брод удри во мост