Утрински Весник
Македонија

САТЕЛИТСКА СНИМКА: Погледнете каде се наоѓа и како се движи циклонот од Џенова кој за викендот ќе ни донесе обилни дождови и силен ветер!

Sat 1 202402091330 407 660x330 1.jpg
300x250 (7)

Метео анализа на Славчо Поповски:

Длабокиот циклон со центар над Џенова е на пат кон нашите краишта, на сателитската слика можете да го погледнете истиот…

Ss1

Во продолжение да се потсетиме на последната метео анализа објавена од наша страна:

За време на овој викенд и тоа под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џенова, кај нас следува голема промена на времето.

Најпрвин ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).  Во недела, како и во почетокот од следната седмица ќе има врнежи од дожд и истите локално ќе бидат обилни (локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).

Во Скопје  и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во недела, како и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд.

НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така  и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервлот од 12 до 17 степени.

Поради големата промена на времето која не очекува, Биометеоролошките услови ќе бидат многу неповолни, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk