Утрински Весник
Македонија

Михаилоски: Повеќе средства за подобар оброк за студентите

IMG 1990.jpeg

Претседателот на Социјалдемократската младина, Марко Михаилоски ги поздрави измените на Законот за субвенциониран студентски оброк со кои се зголемуваат средствата за таа намена.

„Студентскиот стандард мораме постојано да го подобруваме. Студентите да бараат повеќе, а политичарите да дадат сѐ од себе да исполнат“ напиша Михаилоски на социјалните мрежи.

Тој додава дека секој мал чекор е напред е победа на патувањето до успехот.

„Продолжете да притискате, останете фокусирани и направете го денешниот ден да биде уште подобар“ пишува Михаилоски.

Пратениците вчера, со 74 гласа „За“ го изгласаа предлогот на студентите за измени на Законот за субвенциониран студентски оброк со што се издвојуваат повеќе средства за оваа намена.

Можете да прочитате

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија

Срушен јарболот со македонското знаме во Скопје

Уапсени двајца мигранти од Авганистан, краделе по Гевгелија