Утрински Весник
Свет

Италијанската влада ќе понуди насочени даночни олеснувања за да им помогне на земјоделците

How Important Is Agriculture To The Italian Economy.jpg

Италијанската влада ќе понуди насочени даночни олеснувања за да им помогне на земјоделците кои се соочуваат со тешкотии, изјави денеска италијанскиот министер за односи со парламентот Лука Чирјани.

Чирјани во Долниот дом на парламентот рече дека се разгледува мерка за ослободување од даноци на земјоделците на кои им е потребна ефективна поддршка.

Чирјани, кој е член на партијата Браќа од Италија на премиерот Ѓорѓа Мелони, рече дека главен приоритет на владата е да им помогне на најзагрозените.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос