Утрински Весник
Македонија

Исходот со министрите од АА зависи од проценката на Џафери, вели Маричиќ

Maricic 1.webp.webp

– Прашањето на предлагање избор и разрешување на членови на Владата е во надлежност на премиерот, односно мандатарот. Мандатарот Талат Џафери го предложи составот на Владата, Собранието го поддржа и оттогаш сме членови на Владата, предводени од премиерот Џафери. Ќе видиме во однос на тоа што дошло од Алијанса, претпоставувам дека премиерот на техничката Влада, Џафери ќе постапи согласно тоа што е политичка индикација – рече првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ како одговор на новинарско прашање за случувањата во АА, предлозите за нови министри и случувањата во техничката влада.

Тој потенцираше дека СДСМ ги цени сите членови на Владата и дека зависно од тоа што премиерот ќе го процени, какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, во врска со ова и нормално, какви се бројките во Собранието, ќе зависи исходот.

Сепак, како што додаде, Алијанса е „значаен партнер во Владата и треба да се чујат нивното мислење и нивните предлози“.

– Ние имавме вчера седница, долга седница на Владата и се донесоа многу одлуки. Во дел од одлуките учествуваа и актуелните министри и актуелните заменици министри од Алијанса. Имаше одредени различни мислења, но, ова е Влада што обединува повеќе партии. Доколку премиерот процени, значи ќе треба него да го прашате, ќе побара нивно разрешување. Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатре, партиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време – појасни Маричиќ.

Тој вечерва оствари средба со претставници на германскиот Бундестаг, по што следуваа изјави за медиумите.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор