Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Буши на средба со амбасадорот на Унгарија

013 1 Scaled.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, денеска остварија средба со амбасадорот на Унгарија Андраш Клајн и новоименуваното полициско аташе Иштван Ердош.

На средбата, министерот Тошковски се заблагодари за целокупната поддршка што Унгарија ја давала во минатото на Министерството за внатрешни работи, што како процес продолжува да се имплементира и понатаму.

Накратко го запозна амбасадорот Клајн со затекнатата состојба во Министерството и неговата улога како министер во техничката Влада во процесот на организирање на изборниот циклус кој ни следи. Во тој контекст министерот Тошковски го истакна правото на распоредување на 15 раководни позиции во Министерството за внатрешни работи, но потенцираше дека од страна на Владата не е добиена согласност за едно распоредување за началник на еден од Секторите за внатрешни работи. За вакви и други слични случаи, министерот Тошковски изрази загриженост дека Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР ќе дојдат до заклучок дека се доведува во прашање законитото постапување.

На крајот од средбата соговорниците се согласија дека меѓусебната успешна соработка треба да продолжи и во иднина, а амбасадорот Клајн уште еднаш ги потврди заложбите за силната поддршка на Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор