Утрински Весник
Свет

Разбиена криминална група која се обидела да пренесе три тони кокаин од Јужна Америка во Европа

20240207081659 big 730x400 97.webp.webp

Полицијата во Еквадор и Шпанија уапси 30 лица осомничени дека припаѓаат на криминална организација која се обидела по морски пат да пренесе 3,2 тони кокаин од Јужна Америка во Европа.

-Истовремено претресени се 21 просторија во Шпанија и 56 во Еквадор, соопшти вчера шпанската полиција.

Групата превезувала кокаин од Колумбија, каде што бил произведен, до пристаниште во соседен Еквадор. Оттаму со брод се транспортирал до шпанските пристаништа во Малага, Валенсија и Барселона. Дрогата била скриена во контејнери со банани.

-Таа организација е одговорна за обидот за увоз на најмалку 3,2 тони кокаин во Европа, соопшти полицијата.

Шеф на организацијата бил албанскиот државјанин Дритан Ѓика, поврзан со еквадорскиот бизнисмен Рубен Шерес, кој беше убиен во март, објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од еквадорската полиција.

Организацијата главно оперираше од шпанскиот град Малага и еквадорскиот град Гвајакил. Извезуваше банани од Еквадор во Албанија, Белгија, Холандија и Турција.

Еквадорската полиција смета дека соработувала со криминална група во Албанија која организирала понатамошна дистрибуција на дрога во Европа.

Меѓу уапсените има државјани на Колумбија, Аргентина, Кина, Шпанија, Еквадор и Албанија.

Полицијата им запленила 400 илјади евра готовина, луксузни автомобили и часовници и блокирала недвижен имот во Шпанија вреден 13 милиони евра, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Бела куќа: Без „црвените линии“ на Трамп нема договор со Иран

УНИЦЕФ: Петнаесет деца загинаа во Либан за една недела, а 62 се ранети

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците