Утрински Весник
Магазин

Пет знаци на дијабетес кои можеме да ги забележиме на стапалата

Diabetes Signs Symptoms Feet Health News Numbness Tingling Burning Wounds Healing Slowly 5194455.jpg

Жедта и честа потреба за мокрење, особено ноќе, не се единствените симптоми на дијабетес. Подијатарот Ваишнави Бава вели дека стапалата исто така можат да откријат некои јасни знаци на проблеми со шеќерот во крвта.

Вкочанетост и пецкање
Вкочанетост и пецкање во прстите и стапалата се јавуваат како резултат на покачено ниво на шеќер во крвта.

„Високото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети нервите на стапалата, предизвикувајќи вкочанетост и пецкање. Може да почувствувате и чувство на печење и чудно чувство, како да носите чорапи, иако сте боси”, објасни др. Бава.

Тој додаде дека овие симптоми може да се појават веќе во преддијабетична фаза.

Оток
Друг потенцијален знак за дијабетес е отекување на стапалата. „Луѓето кои имаат дијабетес имаат тенденција да доживеат венска инсуфициенција“, тврди педијатарот.

Сува кожа
Сувата кожа исто така може да биде знак за проблем. д-р. Бава вели: „Еден од ефектите на дијабетесот е автономната невропатија, која всушност ја ограничува влажноста во кожата. Ако забележите дека вашите стапала се испукани или посуви од вообичаеното, разговарајте со вашиот лекар за тоа и тестирајте се за дијабетес“.

Грчеви
Дијабетесот може да предизвика и периферна васкуларна болест на нозете, што доведува до грчеви.

Нарушено заздравување на раните
Ако имате рани, плускавци или чиреви за кои е потребно долго време да зараснат, треба да побарате лекарска помош.

„Кај дијабетесот се покачува шеќерот, што го запира потенцијалот на телото брзо и ефикасно да ги залечи раните“, заклучува докторот.

Можете да прочитате

Крцкаво пилешко мевце, се приготвува многу лесно, а тајната е во една состојка

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува