Утрински Весник
Магазин

Напиток од мед и цимет за да ја победите настинката

Screenshot 2024 02 06 174631.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ако сте настинати, обидете се да направите напиток од мед и цимет и ќе ја победите настинката за кратко време. Позитивните ефекти на медот врз здравјето се добро познати, а циметот се смета за еден од најздравите зачини. Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој ќе ви помогне во сезоната на вируси, пишува City Magazine. Благодарение на својот хемиски состав, медот влијае на формирањето на црвените и белите крвни зрнца. Циметот е богат со антиоксиданси и други корисни материи, а истражувањата покажуваат дека може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да штити од срцеви заболувања и да го намали воспалението. Еве како да подготвите пијалок од мед и цимет: Во 1 dl млака вода измешајте една лажичка мед и две лажички цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Напитокот пијте го два пати на ден, по можност три дена по ред.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима