Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Ќе му нанесеме фатален удар на Хамас, но и на Иран

Netjanjahu.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „тоталната победа“ на израелската армија во Појасот Газа ќе зададе „фатален удар“ на палестинската исламистичка организација Хамас, како и на Иран и нејзините сојузници.

-Апсолутна победа е од суштинско значење бидејќи гарантира безбедност за Израел. Целосна победа ќе зададе фатален удар на оската на злото, имено Иран, (либанскиот) Хезболах, (јеменските бунтовници од движењето Хути) и секако Хамас – изјави Нетанјаху по средбата со претставниците на армијата.

Како што соопшти неговиот кабинет, Нетанјаху во Латрун, недалеку од Ерусалим, рече дека Израел е „на патот кон целосна победа“, дека е посветен на тоа и дека „нема да се откаже“.

– Нема да ја завршиме војната без да ја постигнеме целта за целосна победа, која ќе ја врати безбедноста и на југот и на северот – им рекол Нетанјаху на членовите на екипажот на тенкот, без да прецизира што значи целосна победа, пренесоа израелските медиуми.

Тој, исто така, рече дека 75 отсто од баталјоните на Хамас се уништени, дека нема „замена за целосна победа“ и дека Израел ја уништува тунелната мрежа на Хамас.

Тој изјави дека евакуираните Израелци нема да можат да се вратат во своите домови доколку Израел не ја постигне таа цел и додаде дека „ќе биде само прашање на време кога ќе следи уште еден масакр“ и дека Хезболах и другите организации „ќе го превртат регионот . Тој алудираше на нападите на Хамас од Газа на југот на Израел на 7 октомври, по што започна најновата војна.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме