Утрински Весник
Магазин

Сликата на Битлси направена во Јапонија е продадена за 1,74 милиони долари

O 1903737 1024.jpg

Сликата на Битлси кој заедно ја направија за време на нивната турнеја низ Јапонија во 1966 година е продадена за 1,74 милиони долари на аукција во Њујорк, соопшти аукциската куќа. Делото со акрилик и акварел, познато како „Слики на жени“, е единствената позната слика направена и потпишана од сите четворица членови на британскиот рок бенд – Џон Ленон, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар.

Членовите на Битлси го насликаа ова дело во апартманот на стариот хотел „Хилтон“ во Токио, на лист традиционална јапонска „ваши“ хартија. Секој член сликаше од еден агол кон средината на сликата, каде на крајот сите се потпишаа, пренесува агенцијата Kyodo.

Бендот настапи во салата „Нипон Будокан“ во Токио од 30 јуни до 2 јули 1966 година, а својот последен концерт го имаа на турнејата на крајот на август истата година во Сан Франциско.
Биографот на Битлси, Марк Луисон, рече дека популарната британска четворка ја напуштила турнејата два месеци по концертот во Токио и никогаш не се вратила како група.

-Тоа е една од причините зошто оваа слика е толку посебна, бидејќи после тоа немаа можност да поминат толку време заедно – изјави Луисон.

Можете да прочитате

Откриена е досега непозната врска помеѓу ракот и исхраната

Доаѓа новиот „Господар на прстените“

Во Јапонија има девет милиони празни куќи поради стареењето на нацијата