Утрински Весник
Свет
Img 7972

Атал се соочува со првото гласање за недоверба на Владата

20240205113059 big 730x400 17.webp.webp
Dik 300x250 mk

Новиот француски премиер Габриел Атал денеска се соочува со првото гласање за недоверба на неговата Влада во Парламентот, но без ризик од негова смена, иако владејачката коалиција нема апсолутно мнозинство.

Предлогот за гласање недоверба беше поднесен од левичарските партии. Но, тие немаат речиси никакви шанси да ги соберат 289. гласови потребни за смена на Владата.

Левицата го критикува Атал, кој беше назначен од францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на јануари, дека сака „војна против сиромашните“ по најавените мерки за социјалните прашања.

Левичарските партии оценуваат дека Атал ја брани Франција од луксузните париски населби, а незадоволство има и поради блокадата на земјоделците.

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен (Марин) наведе дека нејзината партија Национален собир нема да гласа за предлогот за недоверба.

И пратениците на десничарската Републиканска партија изјавија дека нема да гласаат за предлогот.

Претходната премиерка на Франција, Елизабет Борн, се соочи со 31 гласање недоверба на нејзината влада.

Можете да прочитате

Удар од гром може да биде оправдана причини за доцнење на авион, оцени Судот на правдата на ЕУ 

Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

Трамп вели дека ќе се сретне со Путин во Унгарија за разговори за Украина по „многу продуктивниот“ телефонски разговор