Утрински Весник
Свет

Над 50 лица загинаа во шумските пожари во Чиле

20240204084330 Big 730x400 97.webp.webp

Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА.

Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области.

Црн чад се издига од многу места во централниот регион на Валпараисо, со население од еден милион. Пожарникарите го гаснат пожарот со помош на хеликоптери и камиони.

Областите околу крајбрежниот туристички град Виња дел Мар беа меѓу најтешко погодените, а спасувачките тимови се борат да стигнат до сите погодени области, соопштија властите.

Министерката за внатрешни работи Каролина Моралес предупреди дека бројот на жртвите се очекува да се зголеми.

-Ситуацијата е најсериозна во Валпараисо, рече Моралес, која рече дека земјата се соочува со најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година, во кој загинаа околу 500 луѓе.

Министерката рече дека властите се загрижени што некои од активните пожари беснеат во непосредна близина на урбаните области, „со многу висок потенцијал да ги погодат луѓето, становите и инфраструктурата“.

Ситуацијата, според претседателот Габриел Борич, е навистина многу сериозна.

Шумските пожари не се невообичаени во Чиле во текот на летните месеци. Минатогодишниот рекорден топлотен бран однесе 27 животи, а подрачјата погодени од пожарите беа повеќе од 400 илјади хектари

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење