Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство Меџити ја одбра страната на Таравари

Fatmir medziti 960x640 1.jpg

Пребројувањето кој на која страна предизбоно влече во Алијансата за Албанците почна преку социјалните мрежи. По претседателот Арбен Таравари кој побара предизборна коалиција со опзицискиот албански блок, за самостоен настап се огласија генералниот секретар на партијата и министер за правда Кренер Лога, екс-лидерот, сега прв човек на партиското Собрание, Зијадин Села. Во изјаснувањето, преку социјалните мрежи се вклучи и министерот за здравство Фатмир Меџити кој застана зад лидерот Таравари. Пребројувањето Меџити го продолжи со споделување на статусот на претседателот на неговата партија Арбен Таравари, во кој тој вели дека ќе оди со албанската опозиција, слушајќи го, како што рече, гласот на граѓаните.

Лавината на поделби во АА почна да се тркала.

Можете да прочитате

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов до крајот на 2029 година

Обвинение за 21-годишник, ја претепал и 15 часа ја држел заклучена бремената девојка

Инцидент со плинска боца во угостителски објект во Кочани, спречени посериозни последици