Утрински Весник
Македонија

Осуденик се обидел да избега од Идризово

Screenshot 2024 02 03 202044.png

МВР соопшти дека вчера осуденик се обидел да избега од затворот Идризово, но бил спречен од вработените. Како што информира МВР, се работи за И.М. (31) кој при обидот да избега, физички нападнал еден од вработените. -На 02.02.2024 во 16.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот И.М.(31) се обидел да се побегне од установата, но бил спречен од вработените, при што физички нападнал еден од нив. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР во денешниот билтен.

Можете да прочитате

Запалени две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Трансплантацијата спасува животи: Панел во Гостивар за унапредување на органодарителството

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин