Познатата уредничка на магазинот „Вог“ Ана Винтур е секогаш совршено облечена, а на нејзиниот начин на облекување се восхитуваат апсолутно сите жени. Тајната на добриот изглед на една од највлијателните жени во светот на модата не е во скапата облека, туку во многу смел стил, бидејќи таа ги руши границите каде и да се појави.
Дизајнерите сè уште го почитуваат мислењето на Ана пред претставувањето на нивните нови колекции, но таа сепак не успеа да стави крај на еден многу распространет тренд што не и се допаѓа.
Станува збор за логоманија која зафати во последните години, па повеќето модни куќи лансираа различни парчиња облека и додатоци со истакнато лого или монограм на нивниот бренд. Пред неколку години таа ја пофали модната куќа Селин за дискретните и антибренд колекции, но и таа во меѓувреме подлегна на овој тренд.
Ана Винтур верува дека истакнувањето на брендот, особено на начин што привлекува внимание, е наменето за оние луѓе чија единствена цел е да носат скапо модно парче и околината да го забележи тоа. Значи, за снобовите.
Таа сè уште претпочита облека што нема некои големи потписи од брендовите што ги носи, а никогаш не сме ја виделе во масивни монограмски парчиња. На долг рок, дефинитивно е попрофитабилна модна филозофија бидејќи носењето парчиња со лого порано или подоцна повторно ќе излезе од мода и ќе се вратиме на облеката направена со подискретна маркетинг стратегија. Многу познати дами сè уште паѓаат во замката да мислат дека изгледаат скапо и гламурозно кога имаат истакнато лого на брендот на нивната гардероба, сепак, судејќи по правилото на најголемиот моден критичар – изгледа евтино!
6 правила до кои Ана Винтур строго се придржува:
Играјте се со боите, шареното е секогаш добар избор
Здолништа над коленото – нема шанси, тотален неуспех
Чизмите до колена се нешто што мора да ги има секоја жена
Ефективните детали секогаш се комбинираат со црна боја
Ѓерданите како страст
Безвременски Боб