Утрински Весник
Свет

Поради штрајкот, во цела Германија беше суспендиран јавниот превоз

Warnstreik Im Nahverkehr In Thueringen Angelaufen Image Group.webp.webp

Автобусите и трамваите ширум Германија денеска запреа откако синдикатот Верди повика на еднодневен штрајк за да побара подобри услови за работа, а на протестот се приклучија и персоналот на аеродромот во Хамбург и климатските активисти од движењето „Петоци за иднината“.

Синдикатот Верди ги застапува интересите на околу 90.000 работници и бара, меѓу другото, подобри услови за работа за вработените во јавниот превоз, а штрајкот се одржува во сите германски покраини освен во Баварија.

Персоналот на аеродромот во Хамбург е поканет да се придружи на протестот, што доведе до откажување на некои летови, но воздушниот сообраќај засега главно се одвива нормално.

Протестот на аеродромот во Хамбург уследи по вчерашниот штрајк на безбедносните службеници на германските аеродроми во Франкфурт, Берлин, Бремен, Лајпциг, Келн и други градови, со што беа прекинати патувањата на повеќе од 200.000 луѓе, пренесува Дојче веле.

Штрајкот организиран од синдикатот Верди во сите сојузни покраини освен Баварија е последен во низата синдикални акции што го погодија транспортниот сектор во Германија во последните неколку недели.

-Штрајковите ќе се одвиваат од почетокот до крајот на операциите, главно од 3 часот во петок до 15 часот во сабота – изјави Андреас Шакерт, федералниот шеф на автобуската и железничката групација во Верди.

Барањата на Верди се поврзани со подобрување на условите за работа, пократко работно време и зголемување на правото на годишен одмор.

Вработените за безбедност на 11 германски аеродроми стапија во штрајк во четвртокот, при што беа погодени 200.000 патници и предизвикаа откажани или одложени околу 1.100 летови, соопшти германското здружение на аеродроми АДВ.

Можете да прочитате

Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Затворени аеродроми во Москва: Аларм во Русија, никој не знае што се случува

Aвтомобилите-бомби веќе не се во мода: Maфијата сега убива со експлозив закачен на ограда