Утрински Весник
Свет

Годишната инфлација во еврозоната во јануари прелиминарно падна на 2,8 отсто

2022 09 07t151014z 483425561 rc27cw9bgnnx rtrmadp 3 global stocks 2 1681913777.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според прелиминарните податоци на Евростат, годишната стапка на инфлација во еврозоната се намалила на 2,8 отсто во јануари од 2,9 отсто во декември.

Цените на енергијата во еврозоната паднаа за 6,3 отсто на годишно ниво, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 5,7 отсто, инфлацијата во услужниот сектор изнесуваше четири отсто, а индустриските производи освен енергетските производи поскапеа за два отсто, се наведува на веб-страницата на Евростат.

Според прелиминарната проценка на Евростат, Германија во јануари забележала годишна стапка на инфлација од 3,1 отсто, а втората по големина европска економија, Франција, забележала инфлација од 3,4 отсто.

Според очекувањата на Евростат, Шпанија регистрирала инфлација од 3,5 отсто, Италија 0,9 отсто, а Хрватска 4,8 отсто. Инфлацијата во еврозоната во јануари е за 0,4 отсто пониска отколку во декември.

Можете да прочитате

Кинеската армија започна воена вежба околу Тајван

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина