Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Недела неработен ден е добра политика за работниците, задоволството кај нив е огромно

1706787709 unnamed file.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Недела неработен ден е добра политика за работниците, за да можеме да се посветиме на семејствата и да можеме во недела да се дружиме со пријатели и да одмараме“ рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека таму каде што процесот не дозволува прекин на работата, се работи во недела, но ако недела е неработен ден за сите, тогаш тие шт оработат треба да земаат поголема дневница која е 50 отсто поголема во производство и 100 отсто поголема во трговијата.

„Треба да се работи уште на менталитот, дека правата од работен однос секој работодавач треба да ги почитува. Во најголем дел се почитуваат, но има и такви што не ги почитуваат“ рече Тренчевска.

Заменик-министерата кажа дека МТСП направило анализа за задоволството на работниците и големо е задоволството на работниците од мерката недела неработен ден.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе