Утрински Весник
Спорт

Денвер без Јокиќ падна во Оклахома, Дурент го растури поранешниот тим

Usa Today 19841638.0.jpg

Деневер без Никола Јокиќ доживеа пораз во Оклахома, во дербито на Западот, додека Кевин Дурент блескаше против својот порашешен тим Бруклин.

Никола Јокиќ поради болки во грбот не играше во Оклахома. Без него во тимот Нагетс доживеаја пораз 105:100.

Кај победниците, како и обично, блескаше Шеј Гилџис-Александер, кој 14-ти последователен меч постигна преку 30 поени – овојпат придонесе со 34.

Чет Холмгрен беше втор стрелец на тимот со 18 поени.

Во редовите на Денвер, Гордон, Мареј и Џексон беа најефикасни со по 16 поени, Портер Јуниор имаше 15, Колдвел-Поуп 11, Браун 10 поени.

Феникс Санс славеа во дуелот со Бруклин Нетс 136:120. Дурент натпреварот го заврши со 33 поени, осум скока и пет аситенции. Дурент прв пат гостуваше во Бруклин откако пред една година беше трејдуван во Феникс.

Во деветтата победа на Санс во последните 11 натпревари блескаше и Јусуф Нуркиќ со 28 поени и 11 скокови.

Поранешните кошаркари на Феникс, Кам Томас и и Микел Бриџис со 25 односно 21 поен го предводеа Бруклин.

Кошаркарите на Мајами ја прекинаа серијата порази во Сакраменто. Хит славеа со 115:106. До победата ги предводеше Џими Батлер со 31 поен.

На спротивната страна Домантас Сабонис го запиша 13. трипл-дабл 

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024