Утрински Весник
Македонија

ОФАНЗИВА: Мицковски во лична пресметка и клеветење

Barron Minhauzen 750x375 1.webp.webp

ЏАБИР ДЕРАЛА

Мицковски е тој што клевети, не јас. Ја впрегнал целата пропагандна машинерија против луѓе што му пречат, лично се пресметува со новинари, интелектуалци и граѓански активисти. Не кажал никогаш ништо за смртните закани против мене, а доаѓаат од инсталации со кои шефува, меѓу другите, и тој самиот! Седи во фотелјата што му ја подари бегалецот од правдата, кому му го должи огромното богатство стекнато за време на режимот (стаса и со него да се искара), води антизападна, проруска и националистичка политика со години, а помислата на мене го прогонува и не го остава намира ни дење, ни ноќе. Голем шеф, нема што!

При објава на апсурдна пресуда во негова корист (втора за само неколку месеци), тој се впушта во лична пресметка и клеветење против мене. Во една претходна прилика ме поврза со ДУИ, сега ме поврзува со СДСМ. Или нема поим од право или се прави недоветен, не знам. Но повеќепати ми дава простор јас да го тужам за клевета и навреда. За тоа дека за пренесена вест не се одговара и да не говориме. Тоа веројатно и на судот му е јасно, но некои суди(јк)и таму одлучиле да играат по неговото сценарио.

Тој, Мицковски, некако „заборава“ во својата најнова онлајн офанзива против мене да спомне дека се работи за првостепена судска одлука. Нема проблем. Како за претходната пресуда, така и за оваа, ќе го искористам правото на апелација. Се надевам дека повисоките судски инстанции не се во неговиот скут.

Како и да е, овој лик постојано ме зачудува. Често се прашувам: Зарем толку е ограничен овој човек, па мисли дека луѓето му веруваат?

Мене не ми треба било каква „кујна“ за да знам што и колку вреди Мицковски. А тој, кутриот, мисли дека постигнал нешто ако (клеветнички) ме поврзе со разни „кујни“. Крајно невешто и неуспешно. Но толку се разбира човекот.

Тие што следат повнимателно, знаат дека не одговорил (дури ниту негативно) на трицифрен број прашања и покани за интервју (повеќето од мене!) веќе седум години.

Неговите портпароли и најблиски партиски функционери простачки се нафрлаат на мене по социјалните мрежи.

Тој и неговите марионети, меѓу кои се и директори на државни институции, ломотат најотворено против мене во срамни ТВ програми.

Неговите тролови отворено ми се закануваат со убиство!

Шефчиња на помали партии што гравитираат околу неговата палата на гревот и насилството, ми пишуваат пораки со кои ми се закануваат мене и на моето семејство.

Неговата партија е иноватор на највалканите системи за изборни кражби.

И тој мене ми вели дека сум изнесувал клевети против него? И дека тоа доаѓало од некакви кујни (СДСМ или други партии)!? Па кого се обидува овој човек да излаже? Зарем не сфаќа дека луѓето имаат слободна волја и дека можат да функционираат сосема нормално и надвор од партиски структури? Најверојатно, не. За Мицковски партијата е сѐ и сѐ е партија.

А бе Мицковски, Мицковски… Пушти ги другите да ја вршат валканата работа за тебе. Не си ти за борба и онака.

Извор: Цивилмедиа

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути