Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Тешка сообраќајка на излез од Битола, еден загинат и дваесетмина повредени

6d06ccc4 b922 4219 8824 6114e879e6d7 800x445 1.jpeg
300x250 opst2

Во  тешката  сообраќајна несреќа што попладнево се случи на излезот од Битола за Прилеп, според неофицијални информации има еден загинат, а дваесетмина се повредени од кои тројца потешко.

Првичните информации од тешката сообраќајна несреќа се дека до несреќата дошло кога патничко моторно возило со голема брзина удрило во комбе кое превезувало работници од фабриката “Кромберг и Шуберт”.

На самото место на сообраќајката од силината на ударот загина возачот на патничкото возило, а повредени се работниците што биле во комбето.
Од нив, тројца се здобиле со потешки повреди, а останатите патници во комбето се здобиле со полесни повреди.

Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените се пренесени со полициски возила и возила што биле  на местото на несреќата, а противпожарната единица прави напори да го изнесе возачот на патничкото возило за кое очевидци на несреќата велат дека починал веднаш по сударот

Можете да прочитате

Царинска управа: Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење мобилни телефони „Ајфон”, случајот откриен на Ново Село

СДСМ: До евтините пратки и дојде на власта, ДПМНЕ пак удри по џебот на граѓаните

Поднесено обвинение против лице што му се заканувало на директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите