Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Ги гледам интересите на државата, дали ќе оди напред или ќе назадува!

Img 1571.webp.webp

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се јави за збор на седницата за избор на техничка влада за да им реплицира на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз  – откако првиот обвини дека сме станале кираџии во сопствената држава, а Трајанов дека во Владата имало несразмерно големо присуство на албански министри, што не е во согласност со Рамковниот договор за рамноправна застапеност во државата. 

САхмети притоа рече дека, како човек бил поидложен на тортура во минатиот систем, па  запраша дали било подобро живеењето во Кичево тогаш, кога тој бил „под кирија“ или денес, кога се рамноправни . 

„Ниту вие сте кираџии, ниту ние. Една работа е факт – Охридскиот мировен договор ни даде  тапија да бидеме господари во својата куќа. Мировниот договор не го измени само карактерот на државата, не го измени само статусот на Албанците во државата, добивка имаат Ромите, Србите, Власите, сите победија. Овој договор нас не направи господари во нашата куќа. За овие 22 години работевме заедно. Јас и мојата партија се обидовме да имаме вистински партнерски односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ. Имавме моменти кога ВМРО имаше значајно барање за нацијата и јас им кажав дека без да поминат низ нашата врата не може да тропнат на друга.  Јас сум партнер и ги гледам интересите на државата, дали ќе оди напред или ќе назадува , “рече меѓудругото Али Ахмети.

Тој напомена „како што го гласав Талат Џафери, така гласав и за Јован Митревски, бидејќи е државен интерес. Пред нас се  големи проблеми, идната Влада треба да се ангажира за избори и да биде креативна во градењето на политиките во иднина“, рече Ахмети.

„Студената војна е завршена, но сега има една жестока војна, се зборува за употреба на нуклеарно оружје, што не треба да се потценува.  Москва го згази индентитетот и суверенитетот на Украина и затоа треба да бидеме внимателни какви политики ќе водиме овде, дали ќе инсталираме идеи со кои главата ќе ни биде накај Москва, а стомакот накај Европа – ови две работи не одат. Ние сме дел од Западна Европа и без разлика на разликите што ги имаме треба да речеме „не“ за Русија и „за“ за Европа.

Околу критиките дека бега младината, Ахмети потсети дека земјите членки на ЕУ ја вратија целата назад и дека ако сме патриоти треба нашата земја да ја зачлениме во ЕУ и таа да остане тука. Според него, оваа тема не е ниту националистиучка ниту екстремистичка , туку вознемирувачка бидејќи бегаат и Албанци и Македонци.

На крајот тој порача дека „ да не држиме тука политички говори, да не се правиме ниту обвинители ниту истражители, ова е Собрание каде се носат големи одлуки за иднината“. 

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани