Утрински Весник
Свет

Американската влада одобри продажба на борбени авиони на Турција и Грција

New weapon ukraine.webp.webp

Американската влада го извести Конгресот дека планира да продаде нови борбени авиони Ф-16 на Турција и да ги модернизира оние што веќе ги поседува турската армија, а вредноста на договорот е до 23 милијарди долари, пренесува Политико.

Членовите на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и Сенатот ѝ рекоа на владата дека нема да ја блокираат продажбата, а договорот вклучува продажба на 40 авиони Ф-16 и модернизација на 79 постоечки турски Ф-16.

Во исто време, владата го извести Конгресот дека сака да и продаде на Грција до 40 напредни борбени авиони Ф-35, во договор вреден до 8,6 милијарди долари.

Можете да прочитате

За денеска низ САД најавени масовни протести против Трамп

Голем антидесничарски протест во Лондон

Еден месец од нападот врз Иран, до каде се целите на Трамп?