Утрински Весник
Свет

Во Газа од почетокот на војната загинати се 26.422 лица

Gaza5 1 1.jpg

Во израелските напади во изминатите 24 часа, уште најмалку 165 Палестинци загинаа, а 290 луѓе беа ранети во блокираниот Појас Газа, со што бројот на убиени од почетокот на војната на Израел против Хамас се зголеми на 26.422, а бројот на ранети на 65.087 лица.

Министерството за здравство во Појасот Газа објави дека поради продолжување на израелските напади, екипите за итна помош и цивилна заштита не можат да вршат операции за пребарување и спасување. Се верува дека под урнатините има уште голем број починати, што укажува дека вистинскиот биланс загинати лица од војната е многу поголем.

Можете да прочитате

Кремљ го отфрла прекинот на огнот, сака долгорочен мировен договор

Ураган го погоди Мексико, се очекуваат катастрофални последици“

Песков го поддржува повикот на Трамп за смена на Зеленски. „Тој не покажува политичка волја“