Утрински Весник
Свет

Низ Германија протести против екстремната десница

O 1901039 1024.png

Протестите против екстремистите продолжија ширум Германија, а според здружението „Заедно против крајната десница“, за денеска и утре се планирани повеќе од 300 собири.

Во Кил, град на северот на Германија, денеска на централниот градски плоштад се собраа 11.500 луѓе, според проценката на полицијата, а организаторите објавија дека ги има 15.000.

На транспарентите можеше да се прочита „Демократијата не е за слабо срце“ и „Црвен картон за алтернатива за Германија“.

Според полицијата, во Дизелдорф, на западот на Германија, се собрале „неколку десетици илјади луѓе“.

-Има три пати повеќе протести од минатата недела, особено во источна Германија – соопшти денеска граѓанското здружение Кампакт, кое е меѓу организаторите на собирот.

Министерот за одбрана Борис Писториус најави дека вечерва ќе присуствува на протест во градот Оснабрик во северозападниот дел на земјата, каде што е роден.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари