Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ заминува за Саудиска Арабија, а ќе му се придружи и Давид де Хеа

Rakitic So Betis.jpg

Саудиска Арабија привлена дестинација со финасиските понуди за фудбалерите кои на залезот од кариерата. По тој пат тргна и поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ, досегашен член на шпанската Севилја, кој ја прифатил понудата тимот на Ал Шабаб и во следните 48 часа и официјално ќе биде претставен во новиот клуб. Ал Шабаб и Ракитиќ догвориле соработка за наредните 18 месеци. Ракитиќ прифати преселба „на исток“, но финансиските детали не се обелоденуваат во јавноста. Се шпекулира дека тој ќе зема најмалку три пати повисока плата од оние три милиони евра по сезона што ги имаше во Севилја, а шпанскиот ла-лигаш ќе добие неколку милиони евра отштета за предвремен раскин на догворот кој завршува во летниот преоден рок. Како што јавуваат шпанските медиуми, Ракитиќ веќе се поздравил со дел од вработените во клубот соопштувајќи им ја својата одлука, а се најавува дека Хрватот утре ќе замине за Саудиска Арабија, каде по лекарските прегледи ќе следи и потпис на договорот со Ал Шабаб. Англиските медиуми пишуваат дека во Ал Шабаб би можел да заврши и Давид де Хеа, поранешниот голман на шпанската репрезентација, кој сега е слободен играч откако на крајот од минатата сезона му заврши договорот со премиерлигашот Манчестер јунајтед.

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра