Утрински Весник
Спорт

Данска губеше, а потоа ги победи Германците во вториот дел за финалето на Еуро во ракомет

IMG

Во финале на ракометното Еуро во недела ќе ја гледаме светската ракометна класика меѓу Данска и Франција.

Данска во полуфиналниот меч го победи домаќинот Германија со 29:26 и им се приклучи на триколорите кои во спектакуларен меч ја победија Шведска по продолженијата на претходниот меч.

Германија тргна одлично, откако во првото полувреме имаше +2 (14:12). Во продолжението моќта ја покажа и првиот фаворит на турнирот Данска и рутински влезе во финалето.

Можете да прочитате

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028

Шок и тага во Шпанија: Фудбалер на Тенерифе почина по драмата на теренот