Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули

ЕВН струјомери 16 scaled

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за електрична енергија од први јули, рече денеска Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Според него, има одлука за субвенционирање на електричната енергија до 30 јуни оваа година, а следната влада што ќе биде предводена од СДСМ е подготвена, како што нагласи, да донесе одлуки битни за граѓаните, а тоа е субвенција.

– Ако дојде друга влада, прашајте ги нив, истакна Битиќи, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.

Можете да прочитате

Заменик-министерот Димитровски на 11-тиот Делфи економски форум: Потребна јасна визија и забрзување на процесот на проширување на ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се соочува со сопствениот политички крај

МП: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството