Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ е разочаран, ама не размислува за заминување од сцената

11975499 900x600 1
„Новак, дали е ова игра соодветна за вашите години“, беше едно од најдиректните прашања за време на емотивната прес-конференција која ја одржа најдобриот светски рекет Србионот, Новак Ѓоковиќ по неговата елиминација во полуфиналето на првиот сезонски гренд-слем Австралија опен, каде ја бранеше титулата. Десеткратниот победник од Мелбурн, Ѓоковиќ беше видно разочаран, самокритичен, но не штедеше пофални зборови за Италијанецот Јаник Синер. -Пред мечот го направив она што генерално го правам во контекст на подготовките за да го играм својот најдобар тенис. Различни фактори влијаеа да играм вака, пред се не бев ни блиску до мојот максимум во текот на целиот турнир… – изјави Ѓоковиќ, кој денеска во полуфиналето против помладиот и подобариот играч, не беше во елемент.

-Факт е и дека играв против Синер, кој е во одлична форма, тој ја наметна играта, малку поинакви услови, главно завршницата ја играм навечер… Има многу работи, но глупаво би било да барам изговори. Бев надигран, ќе подадам рака. Жал ми е што играв многу под моето ниво, но спортот е таков, рече Ѓоковиќ и продолжи: -Не знам како ќе се одвиваат работите понатака. Кога го напуштате теренот по пораз, главата ви е вжештена, се борите да бидете рационални, но толку многу нерационални работи се случуваат во вашата глава. Кога ќе се смирам, ќе видам на кои турнири ќе продолжам. Се обврзав да играм оваа сезона и приоритет да ми бидат најголемите турнири и ОИ. Ќе видиме дали нешто ќе се смени, во оваа фаза од кариерата и животот можеби се поочекувани некои изненадувачки одлуки отколку пред 10 години, изјави освојувачот на 24 гренд-слем турнири.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига