Утрински Весник
Свет
Img 7972

Се урна покривот на историска црква во центарот на Нов Лондон

20240126103149 big 730x400 57
Img 7972

Огромен дел од црквата изградена во 1850 година во центарот на Нов Лондон во американската сојузна држава Конектикат се урна денеска.

-Иако внатре имало жена, таа за чудо останала неповредена, соопштија властите.

Полициската управа на Нов Лондон ги предупреди луѓето да се држат подалеку од центарот на градот поради урнатата зграда. Официјалните лица споделија фотографии од она што останало од Првата конгрегациска црква на нивната Фејсбук страница.

Фотографиите кои се објавени покажуваат како огромен дел од покривот целосно се урнал.

Полицијата не ја утврди причината за колапсот и истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Експлозии во близина на канцеларијата на францускиот премиер во Париз

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела