Утрински Весник
Македонија

Водата за пиење во Охрид по санирањето на дефектот нема отстапувања од законски дозволените вредности

Psx 20220317 202306 1

И денешните направени физичко-хемиски анализи на земените примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, по санирањето на дефектот и нормализирањето на водоснабдувањето во деловите од градот, покажуваат дека нема отстапување од законски дозволените вредности на соодветните параметри, вклучително и параметарот матност. Во сите контролирани примероци на вода за пиење констатирано е и присуство на дезинфекционо средство (резидуален хлор) согласно законските прописи, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид и додаваат: -Мониторирањето на специфичните индикаторски параметри во водата за пиење со почеста динамика, од страна на Центарот за јавно здравје Охрид ќе продолжи и во текот на наредните 2 дена, се до конечните резултати од комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на претходно земените примероци на вода за пиење од градската водоводна мрежа во Охрид, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден. Од ЦЈЗ во Охрид ги предушпредуваат сограѓаните доколку забележат заматеност на водата за пиење при течење од чешмите, истата да не ја користат за пиење, се додека, после течење од 5-10 минути, водата не се избистри. -Ако и по периодот на течење, водата од чешмата е сеуште матна, да не ја користат за пиење и да се обратат до ЈП Водовод Охрид или ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, советуваат од таму.

Можете да прочитате

Во Собранието доделена државната награда „22 Ноември“ – Авзи Мустафа и Африм Османи добитници

Изложбата „Украина Љубов и Војна“, сведоштва за животот во Украина 2014 – 2024

Ахмети од Швајцарија: Денес мора да го браниме албанскиот јазик