Утрински Весник
Македонија

Заев донираше уште едно амбулантно возило на општата болница во Струмица

Img 8244

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше уште едно амбулантно возило за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата д-р Венко Филипче, и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица д-р Катерина Кузмановска, а на чинот на примо-предавање присуствуваше и заменик министерот за здравство д-р Маја Манолева.

онацијата на амбулантно возило ја обезбеди Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во соработка со други општествено-одговорни субјекти, а на истата, во 2020 и 2021 год., ѝ претходеа уште две такви донации на амбулантни возила за ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица, кои, заедно со заштитна опрема за вработените во Ковид центарот, ги обезбеди семејството Заеви.

Можете да прочитате

Бесплатна обука за 600 деца од ранливи категории

ПП Левица го конститутираше Републичкиот изборен штаб за локалните избори

Учебната година заврши: Учениците на распуст, полуматурантите пред упис во средно